На прашањето зошто на последната собраниска седница не се реши проблемот со нееднаквоста на изборните единици, лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека вината лежи кај владејачките партии, бидејќи одбивале да разговараат за ова прашање.
– Решение постоеше на два начини. Нашата заложба беше Македонија да биде една изборна единица. Тогаш немате над 5 отсто, под 5 отсто. Ниту една од владејачките партии тоа не го прифати, одбиваа да разговараат за тоа. Откако тоа не се прифати, оставивме владејачките партии да се договорат по ова прашање. Треба владејачките партии да дадат одговор, зошто не успеаја да го надминат ова прашање поврзано кога од опозицијата имаа отворена поддршка, какво и да е решението на овој проблем – рече Заев на денешната посета во Велес.
И додека власта и опозицијата креваат раменици, вишокот гласачи во „шестката” и понатаму останува закана за легитимноста на изборите.
Државната изборна комисија пред речиси два месеци го предупреди Собранието и министерството за правда дека шестата изборна единица е незаконска, но никој не презеде ништо.
Овие законски измени беа дел од пораките и на еврокомесарот, Јоханес Хан, кој на последната посета им порача на партиите да постигнат договор во однос на редефинирање на изборните единици пред изборите.
ДПА пак единствено веќе најавија дека нема да ги признаат резултатите од изборите доколку забележат дека не се решени отворените прашања за изборните единици