ДИК ќе добие 7,5 милиони евра за организација на изборите

by fokus

Државната изборна комисија побара 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, објави „Мета“.  Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни.

Од Министерството за финансии за „Мета” изјавија дека ќе им го обезбедат овој буџет.

Инаку, во буџетот за 2016 година за Државната изборна комисија беа предвидени 531.375.000 денари, а потоа, бидејќи не беше утврден датум за избори, со ребалансите таа сума беше намалена на 103.875 денари.

Поврзани новости