681
Потписите за мандатот се веќе обезбедени, a Македонија во првата половина на месец март ќе добие нова влада предводена од СДСМ, изјави денеска Зоран Заев во Сараево каде е во работна посета, а воедно ќе ја прими наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.
Заев потенцираше дека идната владина програма, Платформата на СДСМ и Платформата на албанските политички партии, Законот за употребата на јазиците се усогласени, и останува да се договорат персоналните решенија за тоа која партија кои ресори ќе ги води во новата влада.