Османи: Завршивме една важна фаза во договарањето со СДСМ

by fokus 14:41
14:41

Една важна фаза од процесот е завршена и сега од утре почнуваме со другите делови од усогласување на платформата, изјави денеска портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

-Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со било која партија. Со СДСМ во овој период имавме работни средби на кои разговараме за сите прашања. Главен столб на тие разговори беше услогласувањето по текстот на Законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ во соработка со другите партии од платформата и после давање мислења, услогласување, надминување на евентуални разлики, вчера претседателството го усвои текстот на тој Закон кој што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко услогласување со цел усвојување во Собрание, рече Османи.

- Advertisements -

Тој додаде дека во однос на усогласениот текст, совршени решенија нема, особено не во правото, а ова било оптимално решение коешто го затвора единственото нерешено прашање од Рамковниот договор во делот на донесувањето Закон.

Поврзани новости