Владата на денешната владина седница одлучила еднострано да го раскине договорот со Сардич за концесија за експлоатација на минерални суровини, бакар, злато и сребро на локалитетот Казандол во општините Дојран, Валандово и Богданци, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
-Со оваа олдука договорот од 2015 година еднострано се раскинува зашто концесионерот не ја исполнил обврската во рок од две години од доделување на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да експлоатира најмалку 50 проценти од експоатираната руда – рече Заев.
Според него, станува збор за суштествена повреда на одредба која била дел од јавниот повик за доделување и договорот за концесијата.
-Доколку ја немало оваа одредба, би можело и други компании да се јават на повикот. Тие може да ја тужат владата доколку не го раскинеме договорот – истакна премиерот.
Премиерот Заев порача дека екологијата е над секој приватен интерес во земјава.