543
Ектерното тестирање во средното и во основното училиште ќе го укинеме. Ќе го укинеме и нема да постои, вети вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев за периодот кога неговата партија ќе дојде на власт.
– Начинот на мотивирање на наставниците мора да биде поинаков. Мора да направиме прагматично образование со воведена пракса. Мора децата од прво до четврто одделение да имаат по три по четири часа, а не по шест или по седум. Мора да го направиме образованието такво за од него да излезат деца коишто ќе имаат ем детство, ама ќе имаат и квалитетно образвоание – порача Заев од трибината во Кавадарци.