Заев ветува минимална плата од 20 илјади и просечна од 34 илјади денари

by Frosina Fakova

До крајот на мандатот новата влада ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари. Ова денеска го најави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата во Штип.

Тој најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.

Освен тоа, Заев вети и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. „Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3 отсто годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот“, рече Заев.

Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.

Поврзани новости