388
Премиерот Зоран Заев по повод христијанскиот празник Велигден, што го прославуваат верниците на Католичката црква, упати писмо со честитки до Г. Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Римокатоличката Црква во Република Македонија.
„Овој празник го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови поминати во пост и молитва, крајот кој, всушност, завршува со победата над смртта која ја славиме со воскликот „Христос воскресна! Навистина воскресна!“ – се вели во честитката на Заев.