Претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова.
„Од мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија упатувам искрено сочувство до вашето семејство како и до роднините, пријателите и колегите на доајенката на македонската етно музика, Вања Лазарова.
Нејзиното маркантно творештво и големиот придонес кон промоција на македонската песна, етно музика и култура ќе останат врежани како неизбршлив траг во поновата историја на Македонија.
Делото на Лазарова не обврзува сите како граѓани на Р.Македонија кои искрено си ја сакаме и почитуваме земјата да продолжиме заедно да ја негуваме, почитуваме и промовираме нашата заедничка култура и традиција на начин на кој тоа го правеше почитуваната Вања“ напиша во телеграмата претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Освен Заев и министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, досега никој од државниот врв сеуште јавно не изрази сочувство по повод смртта на примадоната на македонската изворна музика.
Вики Клинчарова