656
Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, објави телевизијата 24 Вести.
Како што изјавил владин функционер за телевизијата, овој состанок бил договорен уште минатата недела, но тајмингот се поклопува со обајвувањето на разговорите на премиерот со руските комичари, кои му се претставија како поранешниот украински претседател Порошенко и генсекот на НАТО Столтенберг.
Се очекува овие случувања да бидат една од темите на утрешниот разговор.