Украински амбасадор пред две години ни кажал дека некој лажно се претставува како Порошенко

by Фокус

Уште во 2017 година имав состанок со претставници на македонските безбедносни служби и со членови на кабинетите на шефот на државата и на министерот за надворешни работи на кои предупредив дека некој лажно се претставува како претседателот Петро Порошенко и дека се јавува по државници, вели во изјава за МКД МК Јуриј Гончарук, поранешниот амбасадор на Украина во Македонија.

-Предупредив дека секогаш треба да се биде подготвен за разни провокации. Но сега можеме само да се смееме. И Порошенко еднаш беше и настрада од вакви провокации – вели Гончарук, додавајќи дека не станува збор за комичари, туку за припадници на специјални служби.

Поврзани новости