491
Мандатарот Зоран Заев кој најави дека новата влада ќе се објави многу порано од предвидениот рок од 20 дена, утре ги почнува средбите со Алијанса за Албанците, односно со Зијадин Села.
СДСМ денеска има консултации во самата партија, а БЕСА информира дека, работните групи, оформени за преговорите со СДСМ, веќе работат на усогласување на ставовите после вчерашните преговори со партијата на Заев.