По завршувањето на денешната лидерска средба, Зоран Заев најави дека утре ќе продолжат со објавување на снимените телефонски разговори. Овојпат, „бомбата“ ќе се објави од кампот пред Владата.
-Ние само им дадовма шанса на протестните активности преку кои испраќаме сериозни пораки до домашната и до меѓународната јавноста. Претпоставувам утре ќе продолжуваме со објавувањето на бомбите – рече Заев.
Од СДСМ потврдуваат дека утре е во план да се објави нова „бомба“, но не се открива за кој случај конкретно. Според досегашните информации, наредни се снимени разговори за затворањето на телевизијата А1, убиството кај Смилковското езеро, полициските акции Детонатор и Шпиoн и Скопје 2014.
Досега, опозицијата објави 33 „бомби“, а Заев рече дека се спремни вкупно 102 пакети снимки, од кои ниту еден нема да остане необјавен.