Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска одржа нова прес конференција на која повика на широк граѓански фронт против Никола Груевски, во платформа за Слободна Македонија. Тој ги повика сите политички партии, НВО, професори, вработени и невработени, синдикати, сите борци за слобода аеедно да ја вратат демократијата.
-Немаме намера да ги гледаме на телевизија изборите, ќе ги искористиме сите алатки со кои располагаме. Од сите лепези, улицата е секако една, и тука не ни бегаат улиците, сокаците и градовите во цела земја. Уште еднаш ги повикувам сите борци за слобода, синдикатите, здруженијата, сите граѓани, да се приклучат, рече Заев.
Заев рече дека доколку некој се дрзне да го укине Специјалното јавно обвинителство, тогаш сите материјали треба повторно да се вратат од каде што беа дадени, кај опозицијата.