Да гласате за или против решение на градоначалникот за непрогласување на одлуките за донесување на ДУП е исто како Парламентот да гласа за или против указот на претседателот за непрогласување на закон. Советот согласно закон во ваков случај мора повторно да ги стави на дневен ред одлуките за ДУП а не решението на градоначалникот исто како што Парламентот во ваков случај мора повторно да ги стави на дневен ред законите а не Указот на Претседателот, се огласи денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев за вчерашната драма во Општина Центар преку неговиот фејсбук-профил.
– Решението на градоначалникот е конечно и за него не се одлучува (гласа) како што е конечен и указот на претседателот на РМ и за указот не гласа Собранието. Обврска согласно закон е повторно да се одлучува по истите точки. Затоа деталните урбанистички планови се сметаат дека не се донесени и општината ќе работи по деталните урбанистички планови кои досега се на сила и ќе останат на сила. Тоа се истите детални урбанистички планови по кои работеше Општина Центар и вчера и пред еден месец и пред една или две година. За да може да се смета дека е донесена одлука за деталните урбанистички планови мора да има 12 гласови од вкупно 23 те советниците кои гласале „за“. На седницата одрзана на 04 ти август: прво, не се гласаше за донесување на урбанистицки планови и затоа не може да има донесени ДУПови и второ, се гласаше со 11 гласа „за“, 11 гласови „против“ и 1 „воздржан“ – смета Заев.