Жерновски: Никаде во светот нема одлука без мнозинство гласови

by Фокус

Ни во Македонија, ни во меѓународни рамки не постои можност да се донесат било какви акти, вклучително и одлуки и други прописи без мнозинство гласови, односно со еднаков број гласови „за” и „против”, порача денеска градоначалникот на Центар Андреј Жерновски преку соопштение.

„Ова не е предвидено дури ни како исклучок. Нашиот правен систем, како и меѓународното право, познава акламативно гласање, квалификувано мнозинство, просто мнозинство, но секогаш актите, одлуките и другите прописи задолжително треба да бидат донесени со мнозинство гласови“, потенцира Жерновски.

Тој најави дека за спорните ДУП-ови ќе го Министерството за локална самоуправа и ќе поведе иницијатива за утврдување на уставноста на процедурата.

Поврзани новости