Најновиот индекс на Репортери без граници со кој Северна Македонија се искачува на 38 место од 180 оценети држави ни носи уште една потврда за исправноста на патеката на која ја поставивме државата и за исправноста на социјалдемократските политики од 2017 година наваму, пишува поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.
-Слободата на медиумите е една од најважните вредности и продобивки за која се боревме и која почнавме да ја освојуваме уште од времето кога го уривавме режимот. Треба да сме горди што веќе седма година по ред, растот на медиумските слободи е постојан, видлив и во нагорен тренд.
Им честитам и на медиумските работници, и на властите, а особено на граѓаните што во ниту еден момент не отстапија од оваа демократска определба. Уверен сум дека ваквите слободарски и демократски трендови носат трајна промена во нашето општество, порача Заев.