444
Денеска, во мултимедијалниот центар во Штип, беше отворена спомен соба на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.
На свеченоста присуствуваа бројни гости, а премиерот пред присутните истакна дека Глигоров е една од нај маркантните личности во поновата македонска историја.
„Ние треба да научиме нешто од неговата умереност и политичка прагматичност, да научиме да гледаме подалеку во иднината, да сонуваме уште повеќе и да работиме со уште поголема посветеност и жар. Затоа што само така можеме да очелуваме да ја видиме нашата земја како расте, напредува и чекори, рамо до рамо со земјите од развиениот свет“, посочи премиерот.