668
Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вечер во 18 часот ги повикал на координативна средба лидерите на коалициските партнери, дознава Фокус.
Партски извори велат дека Заев сака да ги информира партнерите за договорот постигнат со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за влез на партијата во владата.
Според неофицијални информации помалите коалициски партери ќе му изнесат низа забелешки во однос на делови од овој договор кои се однесуваат на ревизијата на судски предмети, но и во однос на други точки.
В.С.