Ковачевски. Не поддржувам задкулисни партиски крила и струи!

by Fokus

Кандидатот за лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи информираше за првите чекори што СДСМ во иднина ќе ги преземе.

Исто така, тој посочи дека партијата е отворена за сите луѓе, но и дека партијата треба да се менува со текот на времето.

„Партијата е отворена за сите, јас сум човек кој не поддржува задкулисни партиски крила и струи, тоа не треба да ни ја одзема енергијата во работењето. Сите имаме иста цел, партијата да ги реализира ветувањата, да работи и го унапредува животот на граѓаните а за тоа мора да сме обединети и многу да работиме“, се вели во објавата на Ковачевски.

Поврзани новости