486
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по одложувањето на денешното судско рочиште за случајот „Пуч“, истакна дека судот не дели правда, туку и слугува на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
-Јавноста беше сведок на овој циркус. Oва е уништено судство, клекнато на колена. Наместо да дели правда, судот постапува политички. Судењето постојано се одлага, а и според Пржинскиот договор веќе еднаш мора да се утврди кој и зошто нелегално прислушувал во државата, истакна Заев, кој додаде дека ќе биде трпелив и ќе ја чека правдата.