Премиерот Зоран Заев и повеќе министри вечерва присуствуваа на приемот за карневалските групи и гости што го приредува градоначалникот на Струмица и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.
Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон, му врачи медал на премиерот Заев за неговиот огромен придонес во развојот на Струмичкиот карневал.
Притоа, Заев истакна дека Струмичкиот карневал е вековна традиција на Градот под Царевите кули и дека таквите манифестации се мост за пријателство меѓу народите.
На приемот, градоначалникот на Струмица Коста Јаневски им се заблагодари на карневалските групи од странство за учеството на Карневалот.
Инаку, на приемот присуствуваа амбасадори и претставници на дипломатските претставништва.