Заев: Стојам на ветувањето дека премиер не треба да биде повеќе од два мандати

by Фокус

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во Струга порача дека ќе му ги одземат надлежностите на градоначалникот Рамиз Мерко и воедно ќе му испорачаат да плати фактура, ако, како што порача, неговата општина не тргне по стапките на Охрид.

-Ќе ги вратиме плажите во Струга онака како што е замислено со протоколите на УНЕСКО. Мора да си го сочуваме статусот во УНЕСКО, бидејќи ако го изгубиме, сме изгубиле сѐ. Ова драгоцено бисерче мора да го сочуваме, инаку што ќе им кажеме на децата? Затоа, ќе расчистиме до крај – рече Заев.

Тој додаде дека не води гола борба за власт, туку бараат поддршка за секој граѓанин и за иднината на земјата.

-Ветив дека премиер не треба да се биде повеќе од два мандати. Стојам на тоа ветување, но дајте ни уште еден мандат, дајте шанса да држиме економски лекции, не на ВМРО-ДПМНЕ, туку на целиот регион. Имаме работен народ, имаме ресурси, имаме образовни млади луѓе, можеме да бидеме рамо до рамо и со Германците и со Французите и со Швајцарците и со Италијанците – порача Заев.

Поврзани новости