Мисајловски до Адеми: Велите Албанец-премиер, а не им се обраќате на Македонците

by Фокус

Ве замолувам во оваа дебата да се обратите и кон Македонците, бидејќи вие велите Албанец премиер, рече носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, обраќајќи му се на Арбер Адеми од ДУИ на дебата на ТВ 21.

-Не можат да се заборават Македонците и сите останати. Не е ова партиска дебата што ќе понудите кон сите граѓани, не може вака со празни флоскули. Ова е гола реторика што се употребува и ништо повеќе – рече Мисајловски.

Тој порача дека сите партии треба да се водат во насока дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од идната Влада.

Поврзани новости