Премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања рече дека легализацијата на марихуаната нема да значи само привилегија за богатите, туку секој да може дома да огледува две до три стебла.
-Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично, порача премиерот Заев.
Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.