Заев: Со развој на домашните бизниси ќе ја намалиме нееднаквоста

by fokus

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното обраќање по повод денот на Обединетите нации вети дека по изборите силно ќе се насочат кон економски развој на државата.

Опзоцисискиот лидер најави намалување на еднаквоста со поддршка на домашните бизниси, оние кои имаат помалку, да плаќаат помалку за јавните услуги, а најзагрозените ќе ги ослободат од јавните давачки.

-Силно ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да обезбедат пристојна работа на вработените. Целта што ја зацртавме е достоинствена просечна плата од 30.000 денари. Ќе ја постигнеме со економски раст во државата. Со шанси за отворање нови домашни фирми, преку старт ап центри со бесплатен деловен простор, со 1 евро основачки капитал – секој со добра идеја да може да работи и да помогне и на други да работат.

Ќе ја намалиме нееднаквоста, оние кои имаат помалку, да плаќаат помалку за јавните услуги. Најзагрозените, ќе ги ослободиме од јавните давачки. За добро здравје, ќе овозможиме јавно здравство достапно за сите и бесплатно болничко лекување за сите. – порача Заев.

Поврзани новости