Чавков незаконски земал 30.000 евра?

by fokus

Меѓу 2006 и 2009 година на директорот на Бирото за јвна безбедност, Митко Чавков, на име патни трошоци и остварени прекувремени работни часови, неосновано му биле исплатени близу 30 илјади евра заради што против него во октомври 2013 е поднесена кривична пријава, објави порталот Актуелно.

Пријавата, според информации од Основното јавно обвинителство, е заради постоење основано сомневање дека Чавков сторил две кривични дела, измама и злоупотреба на службена положба и овластување.

Како што пишува порталот, според пријавата Митко Чавков, во 2006 година, веднаш по неговото именување за началник на Одделот за организиран криминал, до Министерството за внатрешни работи доставил барање за нерешено станбено прашање во Скопје на кое барање му било позитивно одговорено и му бил исплаќан надомест за сместување во стан.

Во ноември истата година Чавков до министерството доставил ново барање (бр.175-62834/1) за да му се одобри исплата на надомест за превоз по основ на остварени патни трошоци заради, како што навел, секојдневно патување на релација Струмица-Скопје и обратно. Со решение (бр.64473/1) на пријавениот експресно му било признато правото за надомест и за таа цел нему, секој месец, освен платата му биле исплаќани дополнителни 19.000 денари.

 

Поврзани новости