507
Младите треба да останат во нашата земја и да се борат со предизвиците. Ова го порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев по вчерашната средба во Чаир.
„Една порака до младите луѓе: Предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите коишто треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот.
Останете тука и борете се. Од тука создавајте приказни што ќе ги раскажувате на децата и внуците во иднина. Ова е ваша земја, да се бориме заедно дома, оти тоа е патриотизам. Патриотизам е да се крева економскиот стандард на граѓаните, патриотизам е младите луѓе да останат и да градат живот дома!“, напиша Заев на својот профил.