Апликацијата за деца со аутизам на петнаесетгодишниот Даријан досега ја симнале 10.000 луѓе

by fokus

Повеќе од 10.000 луѓе досега ја имаат симнато апликацијата „Слико збор“, која ја изработи петнаесетгодишниот Даријан Шекеров од Скопје за да им помогне на децата со аутизам и пречки во говорот.

Даријан аплицијата ја изработил на свои 14 години со цел да им ја олесни комуникацијата на овие деца со семејството и околината.

Со оваа апликација тој има учествувано на натпревар за млади пронаоѓачи, каде меѓу 3.000 учесници победи во категоријата „борба против болести и глад“.

 

Поврзани новости