Заев: Со Мицковски се согласивме дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси

by fokus

Владата испрати соопштение по средбата на премиерот Зоран Заев и новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во кое се вели дека двајцата соговорници се согласиле дека потребно е учество на опозицијата во реформските процеси.

-Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата, се вели во соопштението.

Поврзани новости