Заев: Со идентитетот никој не може да си игра, очекуваме ЕУ да го испорача ветеното

by Фокус

Не е можно да се раздвои патот за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, изјави премиерот Зоран Заев за Еуроњуз.

-Нашиот идентитет е единствен и не постои можност мојата влада или која било друга влада да преговара за тоа. И затоа, не е можно ниту држава, па дури ни унија во која се уште не сме членки, да си игра со тоа. Според мене, не е можно да има раздвојување или каков било друг вид развој или настан од практични причини без никаков збор за Северна Македонија по се што се случи – рече Заев.

Тој додаде дека Договорот од Преспа е пример за подготвеност земјава да се вклучи во дипломатијата, но, како што нагласи, добрата волја има граници.

-Очекуваме ЕУ како целина, сите 27 земји-членки, Европската комисија, да бидат во согласност со она што ни го ветија. Тоа беше: вие испорачајте, ние ќе испорачаме. Ние испорачавме и повеќе од тоа. И ние очекуваме Европската унија да испорача – порача Заев, додавајќи дека прашањата како што се идентитетот и јазикот никогаш не се предмет на преговори во кој било дел од процесот на проширување.

Поврзани новости