872
Премиерот Зоран Заев посочи дека кога заврши Самитот на ЕУ, односно Европскиот совет, тој и министерот за надворешни Османи веќе дадоа и „длабински коментари“ за португалскиот предлог и доколку се донесеше одлука, во тој предлог стои дека преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик и ги има унилатералната изјава на С Македонија и унилатералната изјава на Бугарија.
– Ние со Бугарија имаме реципроцитетен договор со кој што потпишуваме договори, одредени меморандуми, спогодби на кои што стои дека тоа е бугарски јазик согласно Уставот на Република Бугарија и македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија, рече Заев по презентацијата во Влада на законот за отпис на камати и трошоци .