Лидерот на СДСМ Зоран Заев, на денешната средна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Ернст Рејчел и со германската амбасадорката во земјава Кристине Алтхаузер, посочил дека објавените снимки што, според него, потврдуваат дека премиерот Никола Груевски и шефот на тајната полиција Сашо Мијалков ги прислушуваат граѓаните во Македонија, се само дел од доказите за незаконското и криминалното функционирање на актуелната власт, соопштија од партијата.
„СДСМ и коалициските партнери го почнаа проектот „Вистината за Македонија“ со цел е враќање на слободата на граѓаните и нормализирање на Македонија преку обнувување на напуштените демократски вредности“, рекол Заев.
Воедно, тој го поздравил децидниот став на Германија македонските власти да функционираат според меѓународните стандарди.