Второстепена комисија одлучила Тамара да не се лекува во странство

by Фокус

Второстепената лекарска комисија го одбила барањето за лекување на малата Тамара Димовска за лекување во странство, дознава НОВА ТВ.

 Во документите до кои дошла интернет-телевизијата е образложено дека жалбата за лекување во странство на Тамара е одбиена како неоснована, иако лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедија дал мислење дека девојчето треба да се лекува во странство бидејќи на Клиниката нема можност да се изврши оваа операција.

Комисијата во решението со кое го одбива барањето Тамара да се лекува во странство, одговорила дека не се исцрпени можностите за лекување во Македонија, односно дека лекувањето има можност да се изврши на Клиниката за ортопедија, трауматологија,анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Деветгодишната Тамара почина вчера, а денеска е погребана на градските гробишта во Велес.

Поврзани новости