813
Освен со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев следната недела ќе оствари средба и со лидерите на албанските опозициски партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
– Ќе се сретнам со Алијанса и Алтернатива следната седмица за решение на проблемот за граѓаните кои немаат државјанство-изјавил Заев за ТВ 21.
Вчера, Заев ја прифати поканата за тет-а-тет средба со Мицкоски, која ќе се одржи во понеделник во Клубот на пратеници.