Заев: Следната година да започнеме преговори со ЕУ, во процесот да се вклучи и опозицијата

by fokus

Премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан рече дека во наредните пет дена заедно со експертскиот тим на Рајнхард Прибе ќе работат на таканаречениот акциски план кој треба да биде готов до 1 јули и презентиран во јавноста.

Премиерот рече дека ќе бидат фокусирани на реформите во правосудниот систем и ги повика опозицијата, невладиниот сектор и граѓанските активисти и експерти да се вклучат во овој, како што рече, инклузивен процес.

-Направивме краткорочен, среднорочен и долгорочен план со цел да ја отстраниме блокадата, а веќе следната година да почнеме преговори со ЕУ. Ние овој процес ќе го водиме инклузивно. Ја повикуваме опозицијата да се вклучи во реформскиот процес, да дејствуваме заеднички и да ја искористиме подрршката што ни ја дава ЕК, рече Заев.

Поврзани новости