Премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан рече дека во наредните пет дена заедно со експертскиот тим на Рајнхард Прибе ќе работат на таканаречениот акциски план кој треба да биде готов до 1 јули и презентиран во јавноста.
Премиерот рече дека ќе бидат фокусирани на реформите во правосудниот систем и ги повика опозицијата, невладиниот сектор и граѓанските активисти и експерти да се вклучат во овој, како што рече, инклузивен процес.
-Направивме краткорочен, среднорочен и долгорочен план со цел да ја отстраниме блокадата, а веќе следната година да почнеме преговори со ЕУ. Ние овој процес ќе го водиме инклузивно. Ја повикуваме опозицијата да се вклучи во реформскиот процес, да дејствуваме заеднички и да ја искористиме подрршката што ни ја дава ЕК, рече Заев.