Заев: Сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација со минимална плата од 14.500 денари за април и мaj

by Fokus

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција кажа дека предлагаат платите на функционерите да бидат сведени на минимум. Овој предлог и други пакет мерки на СДСМ, Заев, најави дека ќе ги достават до Владата, која ќе одлучи дали ќе бидат усвоени.

-Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе зeмаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе зимаат плата од 14. 500 денари за април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.

Поврзани новости