Заев: Минимална плата за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

by Fokus

Со вкупна вредност од 200 милиони евра СДСМ подготви нов огромен економски пакет со кој треба да им се помогне на бизнисот, на граѓаните и на целата економија зафатена од кризата поради епидемијата – во вкупна вредност од 200 милиони евра, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој појасни дека мерките ќе бидат доставени до Владата, каде што ќе се одлучи дали ќе бидат усвоени.

-Така, за април и за мај државата ќе обезбеди минимални плати за вработените во сите фирми кои ќе бидат погодени од кризата. Фирмите само ќе си ги платат придонесите, а според Заев станува збор за  99 шифри на дејност, односно  безмалку половина од нив се погодени од кризата. Тој, сепак, нагласи дека знае кои од нив не се погодени од кризата, споменувајќи дека од мерката ќе бидат исклучени сите  фирми кои ќе  даваат дивиденти и бонуси за 2019 година  и кои сега  ги повлекуваат, објасни тој.

Помош, рече Заев, нема да нема да има за оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари.Потоа, фирмите кои ќе аплицираат за помош ќе мораат во моментот на аплицирањето да имаат ист број на вработени како пред кризата со короната, за да не се отпуштаат работници.

-Правиме се секој работник да го задржи работното место, затоа за оваа мерка ќе се одвојат  120 милиони евра, рече Заев.

Сите што останале без работа, исто така, ќе добијат месечна плата и надомест  во висина од просечната плата , додека сите  функционери и раководители два месеци ќе се најдат под рестрикција и ќе добиваат минимална место актуелната плата. Истата мерка ќе важи и за судиите и обвинителите, а мерката и за нив се однесува за два месеци.

Сите вработени во јавниот сектор на државно и на локално ниво ќе добиваат исто така минимална плата за април и мај. Ова не се однесува на медицинскиот персонал, полицајците и сите што се справуваат со корона вирусот.

Поврзани новости