612
Заев откри дека УБК следела шест амбасадори од највлијателните држави. Не можеше да открие повеке детали оти прво сакал да ги извести лично амбасадорите.
„Имаме докази дека УБК прислушувала и фиксни телефони и интернет комуникации. А во материјалите има разговори на адвокати, судии и обвинители. Тоа претходно што беше објавено за судството е само мал дел, колку да се подготви јавноста што ја очекува. Ке следуваат многу посериозни снимки за правосудниот систем. Ама полека, едно по едно.“- рече Заев
Укажа дека многу судии и обвинители местеле пресуди, но имало и такви кои гласно одбивале да учествуваат во криминалот. Таквите, спроед Заев, ќе ја напишат историјата на државата.