Премиеорт Зоран Заев пред пратениците истана дека пред малку стигнала вест дека северноатланскиот совет ја прифатил точката за поканата за влез во НАТО.
-Тоа е нешто што е вековна аспирација на сите нас. Им се заблагодарувам на помалкубројните етнички заедници во Македонија што покажаа солидарност кон нас, Македонците по ова прашање. Ја чувствуваа државата како своја, тоа е уште една потврда за сите заедници во Македонија, рече Заев.
Тој се заблагодари на претходните политичари кои живееле, но и на Никола Димитров, Бујар Османи и Радмила Шекеринска кои биле директно вклучени во преговорите. Се заблагодари и на опозицијата и на претседателот Ѓорге Иванов.
-По ратификацијата на договорот следуваат референдумот, уставните измени, ратификација во грчкиот парламент и конечно фокус на економијата и другите ставки. Треба да знаат граѓаните дека со секое отварање на поглавје влегува и имплементирање дома, тоа ја прави Грција пријател на државата, рече Заев.
Вели, кровот на куќата се поправа додека грее сонце.
-Сега грее сонце, ајде да го поправиме и конечно да го поставиме кровот. НИкогаш повеќе да не дозволиме да ни прокиснува нашиот кров. Сите мораме да бидеме исправени сериозно пред олдуката и конечно да бидеме нормална земја со тапија која ќе седи рамо до рамо со сите, ќе го јакне идентитетот и ќе бидеме горди граѓани на нашата земја, рече премиерот.