Тунтев го цитираше Груевски за спорот со името и праша каде се да гласаат за да се дојде до референдум

by fokus

Координаторот на протиничката група на СДСМ, Томислав Тунтев вели дека кога почнале преговорите за името, сите имале горчлив вкус во устата и чудно чувство во стомакот.

-Ова е болно прашање, болно е за сите граѓани на Република Македонија, јас во тоа сум уверен. Болно, емотивно, врзано со нашите чувства, со нашите смисла за правда, историја, гордост, за дигнитет. Првиот пат се сетив за мојот прадедо, Андон Шибак, дедо на мајка ми, учесник во Илинденското востание, гонет, бркан, затваран. Идејата на востанието секогаш била таа, независна држава. Денеска сум среќен што сонот на мојот прадедо се оствари. Тој горчлив вкус почна да се крши и во мене, дали е ова вистинскиот пат. Најголемиот број од моите пријатели немаат партиска книшка, едни се за договорот, едни се против договорот. Ние разговараме за удирање на конечните темели на една и единствена Македонија која ќе биде призната од целиот свет, рече Тунтев.

Тој вели, има многу голем број на луѓе кои се со различно мислење и не им замерува за тоа што се плашат, туку за говорот на омраза и гневот кој го искажуваат.

-Сега која иронија, ВМРО-ДПМНЕ, луѓето кои ја напаѓаа референцата ПЈРМ, денеска со сите сили ја бранат. Тие што сакаа да дебатираат ниту вчера дојдоа на комисија, ниту денеска се во салата. Емотивното прашање не се остава за наредните генерации. Емотивното и болно прашања се фаќа, да се искористи моментот и да се реши за идниот геренации, за тие да немаат емотивни прашања, туку да се горди на своите предци, на историјата, на мултинационалното општество, а ние тоа денеска ќе го сториме тоа, рече Тунтев и потестеи дека овој чекор ни обезбедува покана за членство во НАТО и датум за преговори во ЕУ.

Тој го цитираше Никола Груевски на 21 март 2015 година: „Влеговме во спор со Грција иако речиси се суштинско ни беше одземено. Има две страни, на едната грчкиот народ, на другата политичари на власт. Македонскиот народ го нема, затоа нашата позиција меѓу другото вели дека политичарите ќе разговараат, ќе прифаќаат, ќе одбиваат. Нешто ќе им се види добро, нешто лошо, но ако некој нешто усогласи, вети или прифати, не може последниот збор да го имаат политичарите, туку целиот народ преку референдум.“

Праша зошто сега тие не се во салата за да гласаат и додаде дека финалното решение ќе го донесат граѓаните на референдум.

Поврзани новости