Заев: Сега обезбедуваме лекови за дијабетес со највисоки стандарди

by Фокус

Направивме пресвртница и наместо несигурни сега обезбедуваме лекови со највисоки светски стандарди, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев во видео-обраќање по повод Светскиот ден на дијабетисот.

-Членовите на Сојузот на здруженијата на дијабетичарите на Северна Македонија, сите свои активности и настани ги посветија на подобрување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес преку залагање за поквалитетен здравствен сервис, со едукација на нивните семејства и со подигање на свеста кај граѓаните за дијабетесот. Содржините на овие активности имаат исклучително значење за подигнуваме свеста на граѓаните за превенција од дијабетес и свесноста за потреба од редовен квалитетен менаџмент на дијабетесот кој постојано ќе се надоградува, особено заради светската пандемија со Ковид-19, која ги прави лицата со дијабетес особено ранлива група – рече Заев.

Во Македонија регистрирани се 130.000 граѓани со дијабетес, од кои 500 се деца до 18 годишна возраст.

Поврзани новости