Заев се сретнал со родителите на убиените момчиња кај Смиљковското езеро

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, им ветил на родителите и на роднините на момчињата што беа убиени кај Смиљковско Езеро дека ќе ги објави сите материјали што ги поседува за овој случај.

– Се сретнавме со Заев и ги баравме материјалите и пораките на Фејзи Азири, кој, според нашите информации, комуницирал со нарачателите. Знаеме дека тие пораки постојат – изјави Горан Накевски, татко на едно од убиените момчиња, за новинската агенција „Мета“.

Заев во повеќе наврати вети дека ќе објави сè што поседува за случајот „Монструм“.

Поврзани новости