Заев се сретна со Вархеји, изјави нема

by fokus

Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји. Заев и Вархеји за средбата објавија на Твитер, а изјави нема.

-Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ и посветени сме на тој процес, соопшти Заев.

Посетата на Вархеји следи по вчерашната на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Среќен сум повторно да го посетам Скопје за сеопфатни разговори со премиерот Зоран Заев. Се согласивме брзо да почнеме да ги спроведеме првите најважни проекти од Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, со цел да го поттикнеме економскиот развој во Северна Македонија и регионот во ЕУ, напиша Вархеји.

Поврзани новости