Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за образование Рената Десковска, денеска во премиерскиот кабинет оствари средба со ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика, и со претседателот на универзитетскиот борд, Денис Ферингтон.
Како што информираат од владината прес служба, на средбата било разговарано за предизвиците пред кои се наоѓа образованието во Република Македонија, како и за потребата од имплементирање на позитивни искуства во нашиот образовен систем, прилагоден на потребите на пазарот на трудот.
Било разговарано и за продолжување на соработката и за поддршката помеѓу владата и Универзитетот, и беа разменети идеи во која насока треба да се развива образовната инфраструктура во Македонија.
Гостите на средбата, отворено се ставиле на располагање на владата во насока на посредување помеѓу државата и странски експерти за образование, за актуелизирање на широка јавна дебата за нови модели на образовната стратегија која ќе придонесе за подобар квалитет на образованието во Република Македониј