Заев се сретна со италијанскиот амбасадор

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели. Главна тема на средбата бил процесот на спроведување на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинска имплементација во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани.

Ставот на Заев бил дека СДСМ останува посветена на процесите коишто треба да допринесат во создавањето на услови за одржување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Заев повторил дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

Италијанскиот амбасадор Белели го прененел очекувањето за целосно решение на политичката криза и спроведување на Договорот од Пржино.

Поврзани новости