Заев се сомнева дека бил прислушкуван за време на изборите

by Фокус

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сомнева дека за време на изборите бил под посебни истражни мерки, односно дека бил следен и прислушкуван од службите. Ова Заев го изјави пред неколку часа во интервјуто кај Оливера Трајковска на „24 вести“.

– Предвидливоста на Заев е лесна ако знаете дека Груевски ве следи, ве снима со посебни истражни мерки. И во саботата, на денот пред изборите, обидувајќи се да воспостави комуникација заради менаџмент на изборниот ден го прашувам: Потврди или демантирај! Дали има посебни истражни мерки врз мене како претседател на најголемата опозициска партија? Ми вели: Викенд е, не можам да ти кажам! – изјави Заев во емисијата „Вин-вин“.

Поврзани новости