Заев: Се работи на дислокација на депонијата во Тетово

by fokus

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставници на невладината организација Еко Герила рекол дека се работи на решение за дислокација на депонијата во Тетово и дека ова прашање наскоро ќе се најде на владина седница.

Од владиниот кабинет информираат дека проблемот со Југохром, пак, што исто така беше една од главните теми на средбата, ќе се решава со писмени гаранции за преземени обврски од засегнатите страни, по заокружување на консултациите со сите.

-Проблемот со депониите ќе се решава на ниво на целата држава, а во врска со Југохром, досега е веќе разговарано со претставници на синдикатот на вработените и со менаџментот, по што Владата од денеска почна консултации и со граѓанскиот еколошки сектор, соопштуваат од владиниот кабинет.

Поврзани новости