Германска министерка ja запроси својата партнерка веднаш по гласањето за истополовите бракови

by fokus

Германската министерка за околина, Барбара Хендрикс, денеска веднаш по изгласувањето на истополовите бракови во Бундестагот, јавно ја запороси својата партнерка.

-Влеговме во граѓанско партнерство на 22 октомври 2010 година, така што може да ги заокружиме првите седум години и да се венчаме на 22 октомври, рече Хендрикс за време на свечениот настан пред Бранденбуршката капија.

Хендрикс е членка на Социјалдемократите, помладиот партнер во владината коалиција кои им се спротивставија на Демохристијаните и ги натераа да се гласа по ова прашање до крајот на неделата.

Поврзани новости